ФОТО: Бриџит Џоунс бремена

Бриџит Џоунс е бремена. По се изгледа нејзината врска со Марк Дарси конечно се зацврстува.

Додека жените од целиот свет со нетрпение го очекуваат третото продолжение на филмот Бриџит Џоунс, насловен „Бебето на Бриџит Џоунс“, на неколку локации во Лондон беше забележана 46-годишната актерка Рене Зелвегер додека се снимаа сцени од филмот.

bridzit-jones-1

Ако судиме според фотографиите, по се изгледа животот на Бриџит и Марк повторно не е без нови возбудувања. Ликот на Бриџит е сосема строг, а Марк Дарси (Колин Фирт (55)) и го дава палтото за да ја стопли.

bridzit-jones-3

Инаку и претходно, присуството на Марк Дарси во филмот покрена низа прашања, затоа што во книгата на Хелен Филдинг од 2013-тата „Луда за момчето“, Бриџит Џоунс е вдовица.

bridzit-jones-4

Според медиумите, во новиот филм ќе биде опфатено и времето од вториот дел на Бриџит Џоунс: На раб на разумот (2004) и последната книга на Филдинг.