(ФОТО) Брознзен медал за Македонија на Балканското првенство во Турција

Македонскиот репрезентативец Гоце Јаневски го победи Србинот Филип Џиниќ во четвртфиналето со 3-2 во категоријата до 75 килограми.

Со оваа победа Јаневски обезбеди најмалку бронза за Македонија на Балканското првенство во Анталија, Турција. Во полуфиналето ќе се сретне со Бесарт Пирева од Косово кој настапи на Златен гонг 2019. Оваа борба е закажана за петок.

Вториот македонски ретставник Арсим Етеми загуби од  Бирол Ајгун од Турција со 5-0 и го заврши настапот на шампионатот.

Третиот наш претставник, Јасин Љама утре (четврток), се среќава со Георге Думитреску од Романија во категоријата до 63 килограми.