(ФОТО) Брус Вилис бил избркан од продавница

160

Холивудскиот актер Брус Вилис влегол во продавница без заштитна маска, поради што вработените веднаш му рекле да ја напушти продавницата, пренесуваат странските медиуми.

Имено, како што се наведува, присутните во продавницата биле лути бидејќи актерот не носел заштитна маска, иако имал шал околу вратот што можел лесно да го стави и да го користи наместо маска за таа намена, пишува „Пејџ Сикс“. Брус Вилис на крајот ја напушти продавницата без да купи ништо.

Оваа реакција на луѓето од продавницата е целосно оправдана бидејќи Лос Анџелес е епицентар на коронавирусот во Калифорнија, а досега во овој град се забележани повеќе од 10.000 смртни случаи поврзани со корона.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.