(ФОТО) Бујар Османи го храбри Талат Џафери: Еднаш борец, секогаш борец

Еднаш борец, секогаш борец, напиша под фотографијата што ја објави доцна синоќа вицепремиерот за евроинтеграции и висок функционер на ДУИ, Бујар Османи.

На фотографијата е актуелниот претседател на Собранието Талат Џафери кој моментално е хоспитализиран на Инфективната клиника.

Актуелниот претседател на СобраниетоТалат Џафери е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје од минатиот петок со белодробен наод, односно пневмонија.

Од Кабинетот засега не потврдуваат дали Џафери ќе оди во Крушево за прославата по овод Илинден како што претходно беше најавено, ниту кога ќе ја закаже конститутивната седница на новиот собраниски состав, но укажуваат дека се ќе биде направено согласно роковите од Уставот и собранискиот Деловник.