ФОТО| Цела плажа гледаше во најголемиот задник во шоубизнисот: Блиската пријателка на Кајли Џенер докажа дека има најдобро тело!

Анастасија Караниколау е најдобрата другарка на Кајли Џенер откако тоа место го изгуби Џордан Вудс кога била забележана како го љуби Тристан Томпсон којшто во тоа време се забавувал со Клои Кардашијан.

Анастасија, позната и како Стејси, среќно го зазела местото на најдобра другарка на Кајли Џенер, па со текот на времето го сменила изгледот така да личи на својата другарка, бизарно, зар не?

За ситуацијата да биде уште покомплицирана, поранешниот зет на Кајли Џенер, Канје Вест во една своја песна признал дека е „вљубен“ во младата Стејси, но таа тоа не го коментирала – очигледно поучена од искуството со Вудс.

Сега била забележана како Денот на благодарноста го поминува во Мексико и тоа уживајќи во сончевите зраци во бикини.

Стејси дефинитивно изгледа моќно, а сè уште не се знае дали Канје Вест навистина е вљубен во неа или тоа била само дел од неговите познати шеги.