ФОТО: Чикаго под мраз

Во Чикаго, вчера беа измерени минус 31 степени Целзиусови, а мразот и студенилото го зафатија речиси целиот северноамерикански континент.

pilot

Пилотот Хенк Кејн, ја направил оваа неверојатна фотографија од Чикаго под мраз, во текот на лет од Вашингтон.

Во градот било толку ладно поради што поларна мечка од зоолошката градина Линколн беше префрлена во затворен дел.

cikago

Школи, фирми и згради на државна администрација се затворени, водоводни цевки замрзнати, авиони не летаат, возовите се запрени, а патиштата и тротоарите заледени.

Повеќе од 500 луѓе ноќта ја минаа во воз кој поради снежни наноси остана заглавен меѓу Детроит и Чикаго.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.