(ФОТО) Дали Чулев е виновен што СДСМ во услови на епидемија водеше кампања

СДСМ и денеска повторено го обвини техничкиот министер во Министерството за внатрешни работи, Наќе Чулев, за влошувањето на ситуацијата со коронавирусот во Македонија, на што остро реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Притоа, се потсетува дека, во изминатиот период на социјалните мрежи излегоа видеа и фотографии на кои многу јасно се гледа како СДСМ врши поткуп и партиски собири во време на полициски час, а со тоа не ги почитува мерките кои сами ги донесоа.

Пред неколку дена беше објавено видео на кое се гледа како во Струмица, СДСМ врши поткуп, маса граѓани без никаква заштита како маски или ракавици собрани еден до друг чекаат пакет.

Во Куманово на плоштадот каде беше присутен и техничкиот премиер Оливер Спасовски мерките не се почитуваа мерките за оддржување физичко растојание, граѓаните еден до друг, со голема веројатност да се заразат со коронавирус.

Еден од првите случаи на масовно прекршување на мерките беше во скопската наслеба Сингилиќ, тогаш Чулев апсеше за прекршување на мерките, а СДСМ и градоначалникот на Гази Баба ослободуваше.

Исто така и генералниот секретар на владата Драги Рашковски беше фатен како ги прекршува мерките.

По ова се поставува прашањето дали и за ове активност е виновен Наќе Чулев? Исто така, се поставува прашањето дали некој ќе одговара за ваквиот шарлатански однос на СДСМ?