(ФОТО) Дел од планетата веќе влезе во новата 2021 година

Планетата ја започнива во четвртокот новата страница со надежи дека 2021 година ќе биде посреќна од годината којашто беше одбележана со пандемијата на коронавирусот поради што милијарди луѓе се принудени најдолгата ноќ да ја минат затворни бво своите домови.

Малиот архипелаг Кирибати и островите Самоа во Пацификот прво влегоа во 2021 година во 11 часот по средноевропско време, а ненаселените острови Хоуленд и Бакер во новата година ќе влезат 26 часа подоцна.

Еден час подоцна во 2021-ва влезе Нов Зеланд во кој на сила се само помали рестрикции правејќи ја оваа земја единствена, бидејќи не го откажа собирите на отворено па жителите на Окленд можеа во живо да го следат огнометот на улиците.

Жителите на другите земји во светот немаат таква среќа, па од Сиднеј до Рим, градовите кои се познати по своите раскошни огномети, доколку не се откажани ќе може да се следат единствено преку телевизиските програми или на интернет.

Порди затворањата и ограничувањето на движењето кои властите ширум светот го наметнале во рамките на мерките за сузбивање на кроронавирусот, жителите на Земјата на 31-ви декември ја дочекуваат Нова година во своите домови и може само да се потсетуваат на бучните и масовни прослави на отворено со пукотниците од огнометите и отворањето на шишињата шампањ.

Во австралиската метропола Сиднеј, најславниот новогодипшен огномет беше одржан во 14 часот по средноевропско време без присутни, имајќи предвид дека повторно се појави ново жариште на коронавирусот на северот од најголемиот град во земјата во кој во моментов има 150 активни случаи на коронаинфекции.

Во Русија, на тамошниот Далечен истој, стотици лица како и секоја година се капеа во ледените води на сибирското Бајкалско Езери, пркосејќи им на екстремните температури меѓу минус 26 и минус 35 Целзиусови степени.

На дочекот на новата година, љубителите на овие ледени капења, поради што ги нарекуваат „моржеви“, прво трчаа неколку километри во снегот во долна облека за да се загреат. „Денесква водата е 2 Целзиусови степени, добра е“, изјави за медиумите Адреј Бугај по излегувањето од езерото.

Во Дубаи илјадници луѓе се подготвуваат за дочекот на новата година, следејќи го притотехничкиот и ласерскиот спектакл на највисоката кула на светот Бурџ Калифа, иако и во калифатот има потврдени нови случаи на зараза со коронавирусот. Сите мора да носат маски и да се регистрираат со QR код.

Во Бејтур, кој тешко закрепнува од разорната смртоносна експлозија од 4-ти август, властите ги олабавија мерките па полицискиот час го одложија за 3 часот наутро. Баровите, рестораните и ноќните клубови повторно се отворени за дочекот.

Насекаде низ светот луѓето стравуват прашавајќи се што ќе донесе следното утро и новата година. Лекарите во Бразил, втората земја во светот според бројот на починатите во пандемијата, стравуваат од нови бран. На социјалните мрежи кружат снимки од масовни прослави на кои посетителите се без маски, но и полицајци кои ги затвораат баровите полни со гости.

Во новогодишната пораја до своите сонародници, германската канцеларка Ангела Меркел, предупреди дека оваа „историска“ криза предизвикана од коронавирусот би можело да се продолжи и во 2021 година и покрај тоа што вакцината „донесе надеж“.