(ФОТО) Демолиран автомобилот на советникот во Град Скопје, Трајановски

Портпаролот на ГРОМ и советник во Градот Скопје, Александар Трајановски денес го најде својот автомобил демолиран.

Тој на социјалните мрежи објави фотографии на кои се гледа дека стаклата од возилото се целосно уништени.

Напаѓачите и мотивите засега не се познати. Корисниците на социјалните мрежи коментираат дека ваквите чекори се „ниски удари“.