ФОТО: Ден Дончев снимен со купче пари, а владата на СДСМ му доделува апанажа

Владата на СДСМ, предводена од техничкиот премиер Оливер Спасовски, предложила на Ден Дончев да му утврди право за остварување плата по престанување на функцијата за време од 12 месеци. Поточно од моментот кога Дончев бил разрешен од функцијата директор на Фондот за здравствено осигурување, па во идната една година, тој да зема плата од државата во ист износ додека бил на функција, односно апапнажа.

Вчера, како што објави НетПрес, на YouTube се појави видео снимка на која се гледа како Дончев, од засега непознато лице, зема купче пари и си ги става во торба. Во други три аудио записи, пак, објавено од корисникот на YouTube „Раце Лепливи“, се слуша како Дончев објаснува и потврдува дека е во целосна координација со тогашниот премиер Зоран Заев.

Од аудиото се слуша како доскорешиот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, се фали дека е во постојана комуникација со директорот на финансиското разузнавање Блажо Трендафилов, и тврди дека му бил близок пријател на Зоран Заев и затоа го поставил на таа позиција.

Засега никој од македонските правосудни органи не реагираше на овие во најмала рака скандалозни видео и аудио записи.