(ФОТО) Десет полесно повредени во пожар на аеродромот во Франкфурт

Десет лица се полесно повредени во понеделникот претпладнето на аеродромот во Франкфурт кога огнот, кој прво избувнал на возило за влечење, го зафатил авионот на германската воздухопловна компанија „Lufthansа“ кој се наоѓал на пистата, објави аеродромската управа.

Огнот, од засега сé уште не утврдени причини, прво избувнал на едно од влечните возила коешто штотуку се упатило кон авионот, се наведува во соопштението на компанијата „Lufthansа“. Возилото требало да го довлече авионот до терминалот.

Додал дека во моментот на избувнување на пожарот авионот од типоте „Airbus“ бил празен и дека патниците само што се подготвувале да се качат на летот за Филаделфија. Предниот дел од авионот е оштетен, поради што не полетал од франкфуртскиот аеродром.

Десетина аеродромски работници притоа се повредени, и веднаш на самото место им е пружена медицинска помош.

Портпаролот додал дека станувало збор за рутински маневар кој најчесто се изведува за да се избегне авионите да ги користат моторите во близина на терминалите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.