ФОТО | Детали за опасниот пожар во Карбинци – спасени две лица, пеплосана нивната куќа

38

Две лица со посебни потреби и со влошено здравје се спасени од вчерашниот опасен пожар кој изби во Општина Карбинци, а во кој целосно е изгорена нивната куќа.

Од Центарот за управување со кризи денеска информираат дека вчера на терен од 15 до 21 часот биле 26 пожарникари со 4 возила и 15-тина жители од месното население кои помагале во интервенцијата.

Причина за пожарот бил дефект во трафостаница од каде била зафатена сува трева, стрниште и една куќа. На лице место биле и 3 полицајци, кои интервенирале во евакуирањето на двајца жители од опожарената куќа (лица со посебни потреби). Куќата потполно изгорела, а било спречено пожарот да се прошири и на друга куќа, информираат од ЦУК.

Пожарот почнал брзо да се шири потпомогнат од ветрот, се проширил кон ожнеаните ниви, а било зафатено и необработеното земјиште коешто било обраснато со висока сува трева и нискостеблести деградирани растенија – грмушки.

ФОТО: ЦУК

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.