(ФОТО) Детали за сообраќајната несреќа на „Партизанскa“

Министерството за внатрешни работи информираше дека на во вторникот  во 7 часот на крстосница од булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „8-ми Септември“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 47-годишниот С.И. од кичевското село Гарани, и товарно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот В.Д. од Скопје.

Полицијата допрва ќе ги утврдува причините за несреќата, а според очевидци автомобилот со голема брзина на црвено светло минал низ крстосницата при што удрич во комбето и се превртувал стотина метри по коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, се здобиле возачот на патничкото возило С.И. и сопатниците во истото возило 33-годишниот Б.В. од гостиварскот село Врановци, 21-годишниот В.Д. од Арачиново, скопско. Додека, со телесни повреди се здобил сопатниците во патничкото возило, 31-годишниот М.Х. од село Врапчиште, гостиварско и 47-гидишниот С.Б. од селото Брњарци, скопско. И тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, велат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

фото: sitel.com.mk