(ФОТО) Димитров не се појави во Собраните, а на фејсбук го пречека „рафална стрелба“

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, по сопствено признание се „варди“ од коронавирусот, затоа што „многу ѝ бил потребен“ на земјата во моментите кога сѐ подалеку е оддржувањето на заедничката меѓувладина средба со ЕУ, што би требало да ги означи почетокот на преговорите за полноправно членство.

Очекувано, неговата честитка се разликуваше од останатите. Не го спомна името на нашата држава Република Македонија, не стави ни знакче од македонското знаме не ги нарече македонска фудбалска репрезентација, не им рече дека ни се херои на нацијата…. Никола Димитров во својата честитка напиша: „Мајсториииии! Бум, пам, пауууу!“

Меѓутоа, и оваа честитка на Димитров, секако поради неговиот „ангажман во одбрана на националните интерес“, мина со остри реакции на корисниците.