(ФОТО) Добредојдовте во „Версај“ во сопственост на Јанукович

47

Бидејќи портата на резиденцијата на украинскиот претседател Виктор Јанукович по неговото бегство е отворена, над илјада граѓани го видоа раскошот во кој до неодамна живееше.

versaj 2Резиденцијалниот комплекс Межгореј е оддалечен околу 15 км од Киев. Има паркови, статуи, вештачко езеро со фонтана, диви патки. Претседателот на располагање имал и тениски терен, терен за голф, приватна зоолошка градина.

Во гаражата можеле да се видат луксузни автомобили,олдтајмери и глисери.

versaj 4

 

Раскошот привлече голем број на луѓе кои со неверување набљудуваа во какви услови живеел претседателот. Многумина беа изненадени од ентериетот односно позлатата, луксузните садови и мебелот.

 

 

versaj 1

Најголемо внимание предизвика раскошната тоалет шолја која е обложена со злато,која подоцна се испостави  дека станува збор за лажна фотографија.

Фотографиите веднаш се појавија на социјалните мрежи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.