ФОТО| Двајца приведени во Гевгелија поради поседување хероин и амфетамин

На 04.09.2022 во 15:00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода А.К. на 46 и Ј.Р. на 43 години, двајцата од Гевгелија.

При преглед на патничко моторно возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.К., биле пронајдени 27 пакувања со хероин, а при преглед на Ј.Р., која била сопатник во возилото, бил пронајден амфетамин.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.