(ФОТО) Две жртви во излетување на воз близу Милано

Две лица загинаа а уште 28 се повредени кога во четвртокот рано утрото возот со големи брзини „Frecciarossa“ (Црвена стрела) кој ги поврзува Милано и Салерно излетал од шините кај местото Лоди, близу Милано, пренесуваат локалните медиуми.

Хаваријата во која два вагона се превртеле се случила околу 5,35 часот по локално време кај северното гретче Лоди.

Загинале двата машиновозача. Според италијанската железничка полциија, во возот имало 28 патници. Сите се здобиле со полесни повреди и веднаш по несреќата биле пренесени во локалните болници.

Според првичните информаиции, само едно лице е сериозно повредено, а исто така станува збор за работник на железница.

Линијата на правецот Милано – Болоња утрово е во прекин, а започната е истрага за околностите на инцидентот.