(ФОТО) Две жртви во новогодишното капење во Ријека

Во традиционалното новогодишно капење во услови на силно југо и големи бранови напладне крај истарскиот град Ријека загинале двајца мажи, извести тамошната полиција.

Како што пренесува агенцијата Hina, капењето на плаќата Печине во близина на хотелот „Јадран“, се организира четврта година по ред, а учествувале петнаесетина лица.

Се откажале од пливањето, но и покрај силниот ветар и големите бранови некои решиле да влезат во морето и да се држат за рацете. Меѓутоа, брановите ги повлекле двајцата мажи кои се удавиле, а уште неколку се повредени.

Во спасувањето учествувале пожарникари, при што и некои од нив биле повредени. Сите околности на оваа несреќа уште се утврдуваат, се додава во информацијата.