Еден загинат и најмалку двајца повредени е црниот биланс од сообраќајната несреќа која во четвртокот вечерта се случи на булеварот „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром, во судар на мотоцикл и автомобил.
Според првичните информации, во стравичната несреќата на лице место загинал младиот мотоциклист, а повредените кои биле во автомобилот „ауди“ се итно пренесени во скопските клиники.
Претходно вечерва порталот Прес24, повикувајќи се на очевидци, наведе дека жртвата е млад маж на околу 25-годишна возраст, кој управувал со мотоциклот. Според истиот извор, несреќата се случила на раскрсницата кај супермаркетот „Веро“.