ФОТО| Џеф Безос леташе во Вселената

Џеф Безос, најбогатиот човек на планетата, полета во вторникот кон работ на Вселената од пустината во западен Тексас заедно со тројца членови на екипажот во вселенскиот брод „New Shepard“ на неговата компанија „ Blue Origin“ што се смета за уште една пресвртница во ерата на приватните вселенски патувања.

Вселенското летало ги покрена своите мотори „BE-3 од лансиранта рампа на „ Blue Origin“, околу 32 кулометри од руралниот град Ван Хорн, при добри временски прилики, со студеникаво утро и ведро небо. По летото кој траеше вкупно десет минути и 20 секунди, члеталото безбедно атерираше на Земјата.

Безос, 57-годишниот милијардер, одлета кон работ на Вселената девет дена по летот на Британецот Ричард Брансон во ракетното летало на својата компанија „Virgin Galactic“. Патниците, Брансон и уште тројца вработени во компанијата „Virgin Galactic“ моќеа да се одврзат од појасите и да уживаат во бестежинската состојба неколкуи минути. Леталото потоа се врати на пистата од коешто полета.

Двајцата милијардери се жестоки ривали во индустријата на вселенскиот туризам која е во зачеток. Брансон полета прв, но Безос полета на поголема височина, на 100 километри од Земјата, додека „Virgin Galactic“ достигна височина од 86 километри над Земајта.

Во леталото „New Shepard “, покрај основачот на најголемата интернет продавница „Amazon“ беа и неговиот брат Марк Безос, 82-годишната поранешна американска авијатичарка Воли Фанк и матурантот, 18-годишниот Оливер Дaјмен чиешто место во вселенскиот брод беше платено на наддавање за 28 милиони долари, односно најстарото и најмладото човечко суштество кои полетаа во Вселената.

Суборбиталниот лет на Безос се одвиваше на годишнината од првото слетување на Месечината во 1969 година, кога на почвата на природниот сателит на Земјата стапнаа астронаутите Нил Армстронг и Едвон Баз Олдрин.

Леталот го доби името по Алан Шепард, првиот Американец во Вселенста во 1961 година.