(ФОТО) Јелена Јованова ја објави првата фотографија од синчето

Познатата македонска актерката Јелена Јованова пред еден месец стана мајка, на свет го донесе синот Јаков. Јованова, најпозната по улогата Јелена од Драчево во хит-серијата „Преспав“, својот приватен живот го чува далеку од очите на јавноста, па така и својата бременост ја држеше во тајност.

Убавата Јелена вчера првпат сподели фотографија на инстаграм-стори од нејзиниот син Јаков и ги изненади своите следбеници.

Јелена е пет години во брак со хрватскиот актер Стјепан Периќ, со кого живее во Загреб.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.