(ФОТО) Елизабет Харли на 56 години позира топлес, a oбожавателите…

Британската актерка и манекенка Елизабет Харли (56) објави фотографија на Инстаграм на која е разголена. Убавата актерка позирала топлес, a градите делумно ги покрила со проѕирна наметка. Покрај тоа, таа го носела само долен дел од костимот за капење.

Елизабет со секси фотографијата ја разбудила фантазијата на бројни обожаватели.
„Прекрасна си“, „Гориш“, „Изгледаш како божица“, „Тебе треба да те забранат“, се само некои од коментарите што се редат под објавената фотографија.

Елизабет инаку често позира во такви изданија, а најчесто нејзините фотографии се во костими за капење. Таа неодамна објасни за „Екстра“ дека фотографиите во костими за капење не ги објавува за да бидат цел сами за себе, туку за да ја рекламира својата линија за костими за капење.

„Имам своја линија на костими за капење“, објасни таа. „Јас инаку не би парадирала толку многу во костим за капење, така што постои причина поради која тоа го правам тоа – додала таа.

Таа неодамна, на љубопитливите обожаватели им ја откри и тајната на својата вита линија. Елизабет признала дека со години не била во вежбалница, а завидната фигура ја припишува на активниот начин на живот.

– Како што стареете, потешко е да се задржи тежината ако не сте активни. Дури и чистењето дома може да согори многу калории – објаснила актерката.

ФОТО: Инстаграм