ФОТО) Емотивен исповед на мајка му на Дражен Петровиќ: Македонка ми се јави и рече вашиот син зaгина!

Мајката на легендарниот Дражен Петровиќ, Бисерка во емотивна исповед за српски Курир, зборува за нејзиниот син, за трагичната смрт, но и за Новак Ѓоковиќ. Таа зборува како дозна за веста на трагичната смрт на нејзиниот син.

-Беше тоа околу 22 часот, се подготвувавме за спиење во станот на Дражен на 14 спрат. Тој ден попладне ни се јави од аеродромот во Франкфурт, рече дека испратил валкана облека и дека ќе дојде за два дена. Се јавив мислев дека тој ѕвони. Се јави женски глас и праша дали е тоа станот на Петровиќ. Беше Македонка, преведувач, слабо говореше хрватски. „Вашиот син загина“, рече таа. Тие зборови… Не знам како ги преживеав. Тргнав кон балконот, во тие моменти не можете да го контролирате телото. Во шок сте и мозокот реагира поинаку. Мојот сопруг Јоле беше поприсебен, ме фати го спречи најлошото и ме спаси. Му благодарам затоа што сега можам да одработам се за Дражен. За митот за него да продолжи да живее. Она што го направи во краткиот живот да остане запишано како што доликува да се прераскажува со генерации. И тоа ме одржа, вели Бисерка.

Мајката на најдобриот европски кошаркар зборува и за сличностите помеѓу нејзиниот син и Новак Ѓоковиќ, поточно за победничкиот менталитет и психата.

– Апсолутно. Новак како да излегол од мојот дом, тешко ми е кога беше повреден и кога лошо се пишуваше за него. Знаев дека ќе се врати и сето тоа ќе го демантира на теренот. Кога го гледам Новак, како да го гледам мојот Дражен, колку тој дава се од себе на теренот и колку сака да биде најдобар. Мислам дека тие двајца се најголемите спортисти во историјата на Балканот. Кога победи во Австралија, веднаш му пративме порака. За време на кошаркарскиот фајналфор бевме со неговите родители во неговиот ресторан. Тие се прекрасно семејство со кое се спријателивме – вели Бисерка во дел од интервјуто за Курир.