(ФОТО) Џенифер Анистон покажа што прави ковид-19: Беше потполно здрав

Актерката Џенифер Анистон објави фотографија од својот пријател кој се наоѓа во болницата откако се заразил со коронавирусот.

„Ова е нашиот пријател Кевин. Комплетно здрав, нема други здравствени проблеми. Ова е ковид. Ова е реалност. Не можеме да бидеме толку наивни да мислиме дека можеме да бидеме посилни од ова. Ако сакаме да го победиме ова, а сакаме, зарем не, носете маски. Сетете се само на оние што веќе страдале од овој ужасен вирус. Направете го тоа за вашето семејство. И пред сè, за себе. Ковидот ја напаѓа секоја возраст“, напишала актерката и додала:

„П.С. Оваа фотографија е направена во април. Му благодарам на Бог, тој речиси целосно закрепна сега. Благодарам за молитвите“, објаснила Џенифер.

Таа додаде и фотографија од себе и Кортни Кокс на кои се носат заштитни маски.

Многу славни личности, меѓу кои и италијанската инфлуенсерка Кјара Ферањи, која се обиде уште во април и март да предупреди за разорноста на ковид-19 од родната Италија, ѝ се заблагодари во коментарите. „Џен, ти благодарам што ја креваш свеста“, ѝ порачала Кјара.

https://www.instagram.com/p/CC1mLDPjfUC/?utm_source=ig_embed