(ФОТО) Џенифер Лопез освојува со изгледот – два милиони „лајкови“ за еден час

Латино дивата Џенифер Лопез (52) летото го поминува во прегратките на Бен Афлек (48). Парот е неразделен откако ја обновија својата романса по 17 години. По незаборавната роденденска прослава во Сен Тропе на луксузна јахта, потоа во Монако, Џен и Бен заминаа на одмор во Италија.

По седумнаесет години љубовта меѓу Лопез и Афлек повторно се разгори, а на својот инстаграм – профил пејачката ја објави нивната прва заедничка фотографија.

Социјалните мрежи буквално „гореа“, а фановите на парот редеа поздрави и честитки, славејќи ја нивната љубов.

Џенифер пред само еден час сподели нова фотографија благодарение на која со брза на светлината собра скоро два милиони лајкови.

Латино дивата е облечена во жолт костим за капење – бикини, кој совршено и прилега на нејзинот летен тен.