(ФОТО) Џенифер Лопез позираше во танга боди, но што е тоа на коленото

На латино дивата Џенифер Лопез на стегнатото тело може да ѝ позавидат и двојно помлади дами. Како што знаат да истакнатат обожавателите на нејзиниот лик и дело, тие понекогаш забораваат дека пејачката влегла во шеесетата деценија и дека во јули ќе наполни 52 години. Ова се должи на нејзиниот долгогодишен тренинг, упорност, но и здрава исхрана.

Сега позирала во бело боди, кое одвај ги покрива стратешките места, а со тоа Џеј Ло го истакна стегнатото тело. Секако, во фокусот се најде нејзиниот задник, имајќи предвид дека станува збор за танга боди, но и градите. И додека некои гледале само во атрибутите на пејачката, други се загледале во нејзините колена.

Се чини дека пејачката имала незгода бидејќи имала фластер на нозете, односно нешто изгледало како завој.

Многупати јa „обвинија“ дека го открила изворот на младоста, но дека е малку себична, па не сака да ги споди тој податок со другите. Инаку, пејачката со месеци се обидува да им докаже на сите дека не користи ботокс и воопшто придобивките од естетската хирургија, но дека нејзиното негувано тело и лице се резултат на добра генетика и грижа за себе. Не ѝ веруваат, а не ѝ помогна ниту тоа што челото ѝ беше „замрзнато“ во едно видео што го објави на Инстаграм.

24sata

ФОТО: Инстаграм/24сата.хр

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.