(ФОТО) Ерупциите на Етна не престануваат втор ден по ред

Вулканот Етна, на италијанскиот остров Сицијлија, и натаму исфрла лава , ден откако ерупциите создадоа голем облак од пепел поради којшто беше затворен локалниот аердором.

Аеродромот во Катанија во вторникот по 13 часот беше отворен за сообраќај, но со стотоците треперења на почвата Етна и натаму предупредува дека не е смирана.

Сеизмолозите од италијанскиот институт INGV регистрирале „серија интензивни потреси“ рано утрото во понеделникот, кога вилканот Етна се разбуди и започна да исфрла пепел и лава.

Според италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија ерупцијата во моментот не претставува опасност за населението и за имотите. Во функција е и аеродромот во Катанија кој се наоѓа во непосредна близина.

Етна на Сицилија се наоѓа во речиси непрекината активна состојба, што значи дека често го менува обликот во однос на кој и да е друг вулкан. Заедно со Везув, Етна е еден од 16-те вулкани во светот означени од страна на Обединетите нации како вулкани на кои им се пристапува студиозно поради честата активност и судбина на населението кое живее во нивна близина

Една од посилните ерупции на Етна последниот период се случи во декември 2015 година, најсилно во последните дваесет години, а столбот од чад и гас висок 13 километри се издигнуваше на лавата.

Ерупциите на италијанскиот вулкан, кој со 3.350 метри е највисокиот во Европа, релативно се чести. Научниците, како и при претходните ерупции, се распоредени во тимови коишто 24 часа ќе ја следат активноста на вулканот која е во тек.

Најголемата регистрирана ерупција на Етна е онаа меѓу 1991 и 1992 година, која била најголемата во последните 360 години. Сегашната според интензитетот е слична но поголема на оние од 22-ри јули 1998 година и од 4-ти септември 1999 година.

Најинтензивна активност на Етна има кратерот „Ворагине“ кој со водопадите лава исфрла и еруптивен столб од магма, пепел и гас.