ФОТО: Еве кој македонски градоначалник уживаше на фудбалски меч од Лигата на шампионите во Барселона

Полуфиналниот натпревар од европската Лига на шампиони меѓу Барселона и Ливерпул се одигра вчеравечер во главниот каталонски град.

Популарниот стадиoн „Камп Ноу“, исполнет до последното место. Барселона го совлада англискиот клуб со 3:0, и обезбеди одлична предност за реваншот на 7 мај во Ливерпул.

Читатели на НетПрес до нашата редакција испратија фотографии, на кој се гледа дека во публиката е и скопскиот градоначалник Петре Шилегов.