(ФОТО) Фатен и идентификуван вандалот што уништувал билборди-зад демолирањето стои СДСМ

    Лицето кое во вторникот вечерта вандализираше билборд на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, е уапсено и станува збор за триесетгодишен активист на владејачката СДСМ, според судејќи според неговите објави на социјалните мрежи е близок со најтесното партиско раководстви.

    Според сознанијата полициски службеници вчера околу 21,30 часот забележале дека на улицата „Ѓорче Петров“ во близина на салонот за мебел „Кристина Дамил“, маскирано лице кое фрлало боја на билборд со приказ на поранешниот премиер Зоран Заев. Лицето е индентификувано како Вели Сенат, триесетгодшник од скопската населба Сарај.