(ФОТО) Филипче препорача да се групираме по четворица на отворено цел ден, а тие

Министерот за здравство, Венко Филипче за време на денешната изјава за медиумите се чини заборави дека забраната за групирање на повеќе од четири лица и на отворен простот во текот на целиот ден ја соопшти во група поголема од четири лица.

Тој, како што може да се види од сликата направена од видеото на МИА, изјавата ја дава придружуван од тројца негово соработници, но и повеќе новинари, што значи дека групата од далеку е поголема од онаа што ја препорачува на граѓаните.

Или можеби, министерот ги брои само соработниците покрај него и самиот. За волја на вистината тие се четворица, ама новинарите и камерманите ја прават групата многу поголема од пропишаната.