ФОТО| Фонтаната на плоштад повторно уништена – по којзнае кој пат пропадна камион во неа

Камион со товар утрово, по којзнае кој пат, пропадна на скопскиот плоштад, поточно во фонтаната пред споменикот „Воин на коњ“, објавува „Фокус“, пренесува НетПрес.

Јавноста веќе не се сеќава по кој пат камион пропадна на плоштадот. Последниот случај беше летово кога камион пропадна на местото на партерната фонтана.

Првиот случај беше во 2017 година, непосредно пред доаѓањето на ракометарите на „Вардар“ на скопскиот плоштад, каде што се одржа прославата по освојувањето на европскиот трон.

ФОТО: ТВ24