(ФОТО) Фотографија од лажниот пасош на Роналдињо со кој влегол во Парагвај

109

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо се најде во центар на внимание, откако вчера бил уапсен во Парагвај. Тој стана главна тема на спортската јавност, откако бил фатен со лажен пасош.

Поранешниот фудбалер на Барселона се пријавил во еден хотел, а полицијата веднаш му тропнала на вратата на неговиот апартман. Тие прво го привеле Роналдињо, зашто користел лажни документи при влегување во државата.

Тие подоцна се пуштени од притвор, но забрането им е да ја напуштат земјата додека не заврши случајот. Роналдињо и неговиот брат тврдат дека се жртви на измама, но на никој не му е јасно како не сфатиле дека станува збор за лажни пасоши.

На интернет набрзо се појави и фотографија, која покажува како изгледал пасошот на Бразилецот, а на прв поглед се гледа дека нешто не е во ред.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.