(ФОТО) Француски физичар објави парче колбас, луѓето му поверуваа дека е ѕвезда

Француски научник се извини откако објави на Твитер фотографија од парче колбас Хоризо, тврдејќи дека тоа е слика на далечна ѕвезда снимена со телескопот Џејмс Веб.

Етиен Клајн, физичар и директор на француската Комисија за алтернативни енергии и атомска енергија, сподели слика од традиционален шпански колбас на Твитер минатата недела, пофалувајќи го „нивото на детали“ што го дава.

„Слика на Проксима Кентаур, најблиската ѕвезда до Сонцето, која се наоѓа на 4,2 светлосни години од нас. Беше снимена со вселенскиот телескоп Џејмс Веб. Ова ниво на детали… Секој ден се открива нов свет“, објави тој на Твитер, на кој има над 91.000 следбеници.

Објавата беше ретвитана и коментирана од илјадници корисници, кои веруваа дека навистина се работи за далечна ѕвезда.

Клајн подоцна признал дека сликата всушност била крупен кадар од парче колбас направено на црна позадина.

„Со оглед на одредени коментари, се чувствувам должен да наведам дека овој твит, кој покажува наводна слика на Проксима Кентаур, е шега. Да научиме да бидеме внимателни со прифаќањето на аргументи со позиција на авторитети, како и кон спонтаната елоквенција на одредени слики“, напиша тој тој, а подоцна се извини.