(ФОТО) Фрижидерите за ковид-вакцините на Заев и Филипче се пред владата

Во знак на револт и од неспособноста на Заев и Филипче, младите од УМС на ВМРО-ДПМНЕ денеска на пладне изведоа необична герила акција пред владата на Република Македонија.

Имено, додека речиси челиот регион на некој начин се снабди со првите дози на вакцина против корона вирус, во Македонија нема никаков абер од истите и од таа причина во знак на револт младите од УМС пред владата оставија фрижидер, притоа иноризирајќи ги сите изјави на премиерот Заев и министерот за здравство венко Филипче со изјавите дека само што не пристигнала вакцината против опасниот корона вирус.

Изминатата недела Заев информираше дека Македонија ќе добие 8.000 дози на вакцини од Србија, а министерот Филипче во изјава за медиумите истакна дека Македонија е подготвена да ги прими овие дози на вакцина и дека истите ќе пристгнале до крајот на неделата.

Но од се тоа, како и за се друго јавноста виде едно нолемо ништо, како и за се останато во државата.

Во меѓувреме изминатата недела српската премиерка Ана Брнабиќ во една емисија откри дека Македонија не може да почне со вакцинација, не ја регистрирале вакцината и немаат план за вакцинација.

– Имаме договор, разговараа премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ. Вучиќ реши да им помогне со 8.000 вакцини. Ние помагаме да се регистрираат вакцините „Фајзер“ во Северна Македонија. Ние работиме со нив. Проблемот може да биде во тоа што тие добиле вакцини „Фајзер“, но не се регистрирани. Поентата не е само да се дојде и да се купи вакцината, има многу повеќе работи зад завесата. Регистрација од соодветната агенција, план за вакцинација. Ние сме една од ретките земји кои имаат адекватен информативен систем. Нашите граѓани знаат како да се пријават за вакцината, сè е транспарентно. Слушнав приказни од луѓе од други земји каде велат дека немаат идеја како да се пријават, кои им се приоритетни групи, истакна пред неколку дена Брнабиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.