(ФОТО) Германската полиција запре маж кој возел мопед потполно гол

Топлотниот бран кој ја погоди Европа со температури до 40 Целзиусови степени принудува луѓето да најдат разни начини како да се разладат, а еден бизарен случај е забележан во германската сојузна земја Брандебург, која го опкружува главниот град Берлин, каде полцијата запрела маж кој управувал мопед потполнмо гол.

Мотористот на себе имал само сандали на нозете и мотоциклистичка кацига на главата, а бил сопрен во местото Меркиш-Одерленд. Полицајците успеал да ги убеди дека му прогледаат „низ прсти“, поради големата горештина и тие му се смилувале. Го пуштиле да си продолжи по својот пат, но прво морал да облече куси панталони.

Настанот се случил во понеделникот, а германската полиција која го документирала со докази, фотографиите од него ги постави на Twitter во средата.