ФОТО: Ѓоковиќ испржи јајце на Австралија Опен

Во Австралија во моментов температурите се на 46-тиот степен, па тоа го инспирираше тенисерскиот ас Новак Ѓоковиќ да спроведе еден експеримент.

„Ете, колку беше жешко! Ви благодарам на сите што сте стрпливи и упорни со нашиот спорт“,  напиша Новак Ѓоковиќ под фотографијата на која се гледа испржено јајце.

 

Австралија се соочува со рекордно високи температури поради кои беснеат десетици пожари, а едно лице го загуби животот.