(ФОТО) Гол маж прошета низ Лондон „облечен“ во заштитна маска

Гол маж „облекол“ само хигиенска заштитна маска и во петокот ги изненади, забавуваше и шокираше минувачите во лондонската улица Оксфорд, а многумина го снимаа со мобилни телефони.

Додека мажот, чијшто идентитет не е објавен, ноншалантно се прошета по популарната трговска улица, а својот полов орган го прекрил со светлосина заштитна маска, минувачите го фотографираа или само зјапаа во него.

Не е јасно каква порака сакал да испрати, но заштитните маски денеска се задолжителни во продавниците во Англија.