(ФОТО) Голема изложба на животински мумии од наоѓалишето Сакара

Големата збирка на мумифицирани свети животни и птици пронајдени на археолошкото наоѓалиште Санкара, древна египетска некропола во близина на галвниот град Каиро, првпат на јавноста ѝ беше претставена во саботата.

Археолозите минатата 2018 година открија голема збирка мимуфицирани животни во близина на најпознатата зачувана скалеста пирамида. Откриени беа и стотици артефакти, меѓу нив маски, мали скулптури и мимуфицирани мачки, крокодили, кобри и птици.

Египетските власти овие откритија ги претставија на јавноста во саботата на изложбата приредена во близина на некрополата.

Истовремено се изведуваат тестирања за да се утврди дали двете мимифицирани животни се лавчиња, објави египетското министерство за старини. Египетските археолози при истражувањата на локалитетите често пронаоѓаат мумифицирани мачки, но негибнати мумии на лавови се реткост.

На прес-конференцијата одржана во саботата, претставникот на египетското министерство за старини покажа и голем скарабеј и рече дека се смета дека тоа е едно од најважните откритија.

„Најубавото откритие меѓу стотината пронајдени мумии и предмети е овој скарабеј. Станува збор за најголемиот сакрабеј на светот“, изјави Мостафа Вазири, генерален секретар на Врховниот египетски совет за старини зборувајќи за инсектот кој во древен Египет му бил посветен на богот на Сонцето.

Сакара бела некропола за Мемфис, кој повеќе од две милениума бил главниот град на древен Египет. Околу 30 километри јужно од Каиро, Сакара била гробишта на кои се погребувале починатите повеќе од 3.000 години, а запишана е на листата на светското културно наследство на УНЕСКО.

Последните години Египет вложува големи напори во промовирањето на своите богати археолошки наоѓалишта во настојувањето да го заживее туризмот кој во оваа земја е виталната гранка и извор на најголемите приходи. Меѓутоа, оваа важна екомска дејноста западна во тешкотии по бунтот од ткн Арапска пролет во 2011 година и турбулентните години на масовни насилни протести, како и повремените напади на радикалните исламисти.