(ФОТО+ВИДЕО) Гори париската знаменитост катедралата Нотр-Дам

Силен пожар избувна вечерта во понеделникот во прочуената париска катедрала Нотр-Дам (Богородица), кој најверојатно е поврзан со реновирање на зданието, пренесува агенцијата AFP повикувајќи се на пожарникатите.

Според репортерот на агенцијата од самото место, огромен пламен проголтал дел од покривот на храмот, поради што се издигнувал густ столб жолтеникав чад. На фотографиите објавени на социјалните мрежи може да се забежат повеќе столбови чад кои се идигнуваат над 850-годишната градба во готски стил.

Огнот го зафатил потрковјето на катедралата, најпосетениот историски споменик во Европа, соопштиле од противпожарната служба на француската престолнина. Според портпаролот на Нотр-Дам, пожарот бил забележан малку пред 19 часот по локално време.

Медиумите јавуваат дека по речиси повеќе од еден час обиди да се задуши огнатата стихија, пламенот зафатил и други понови делови од храмот, приближувајќи се кон просторот за панорамско гледање.

Пожарот избувна првиот ден од прославата на Светата недела пред одбележувањето на најголемиот христијански празник Велигден кај католиците.

Минатата година Католичката црква во Франција покрена итен апел за обезбедување средства за спас на катедралата, која започна да се распаѓа.

Околу 13 милиони туристи секоја година ја посетуваат Нотр-Дам.