22.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

(ФОТО) Граѓаните ужаснати: Во битолската болница човек прима инфузија, до него мртовец

На социјалната мрежа Facebook се поставени фотографии споделени од страна на профилот Vasco Beleski,  на коишто јасно се гледа како додека пациенти примаат инфузија, до нив на креветите има мртовци.

„БАРАМ МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ДА СИ ДАДЕ ОСТАВКА И ХИТНО ДА СЕ ФОРМИРА НОВА ВЛАДА НА ЕКСПЕРТИ“ стои во Фејсбук статусот со споделената фотографија на Васко Белески.

„Овие фотографии се направени во Болница во Битола. Од четири кревети, двајца примаат инфузија , на другите два кревети има два лешеви. Под хитно оставка на министерот Филипче заедно со Заев. Полошото тек доаѓа“, пишува тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.