(ФOТO) Град на духови: Сочи се распаѓа по Олимписките игри

Црноморскиот град кој што само пред неколку недели беше светска престолнина на спортот, денес потсетува на напуштен град на духови. Во подготовките за зимските Олимписки игри Русија вложи 31 милијарди фунти, а Сочи кој што е забележан како идна туристичка атракција во овој регион, само неколку недели подоцна почна да се распаѓа.

Воопшто не се штедело на градење, но денес цели комплекси на згради зјаат празни.

Изградени се десетина нови хотели, аеродромот е модернизиран, а за нова железница се потрошени осум милијарди долари.

Поради Игрите околу 2.000 семејства се отселени од овој град, некои добиле отштета, некои не.

Се очекуваше Сочи да биdе магнет за туристи, но хотелите се празни и во прашање се става нивната иднина.

Условите за престој во Сочи стануваат предмет за потсмев, а една од главните цели на незадоволните спортисти беше канализацијата.

Сите дисфункционалности на градот, кој што е изграден за ѕвездите на зимските спортив брзо си го најдоа својот пат до Интернет заедницата, а посебно стана популарна страницата на Твитер „Sochi problems“.

Неколку недели по Игрите, Сочи очигледно и понатаму се распаѓа, а први почнале патиштата.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.