(ФОТО) Граѓаните спречени да дојдат кон Скопје пред протестот кој почнува во 18 часот

Речиси сите влезови кон Скопје се блокирани, поради вонредните контроли кои ги прават врз возилата.

Пред протестот кој во 18 часот треба да се одржи кај македонското Собрание, огромен број на граѓани се спречени да пристигнат.

Полицијата задржува автомобили и автобуси, полни со граѓани кои од другите градови доаѓаат кон Скопје, да бидат дел од протестот против уставните измени.

До редакцијата на Курир беа испратени овие фотографии, на кои јасно се гледа како се врши притисокот и спречувањето на луѓето кои сакаат да бидат дел од овој протест.