ФОТО| Грчката полиција нашла десетици голи мигранти на границата со Турција

Грчката полиција нашла 92 илегални мигранти целосно голи, некои со повреди, во близина на грчката граница со Турција, соопштија полициски извори во саботата.

Мигрантите, сите мажи, биле откриени во петокот во близина на реката Еврос, која ја означува границата меѓу Грција и Турција, соопшти грчката полиција.

Со истрагата на грчката полиција и меѓуграничната агенција на Европската унија – Фронтекс, пронајдени се докази дека мигрантите ја минале реката на грчка територија со гумени чамци од Турција, се додава во полициското соопштение.

„Пограничен полицаец откри 92 илегални мигранти без облека, а некои имаа телесни повреди“, се додава во соопштението, но не е наведено како и кога мажите останале без облеката.

Грчкиот министер за миграции Нотис Митараки објави на Twitter дека „турскиот третман на мигрантите претставува цивилизациски срам“. Рече дека Атина очекува Анкара да го истражи инцидентот, но турските власти досега не се огласи во врска со инцидентот.

Грција беше на првата линија на мигрантската криза во Европската унија во 2015 и 2016 година, кога повеќе од милиони мигранти и бегалци од Блискиот и Далечниот исток, како и од Африка, доаѓаа во земјата преку Турција.

Од тогаш бројот на мигрантските пристигнувања опадна, но грчките власти велат дека од неодамна забележале раст на обидите за влегување во земјата преки турската копнена граница и преку грчките острови кои се блиску турскиот брег.

Грција ја повика Турција да го почитува договорот со Европската унија од 2016 година според кој Анкара се обврзала да ги задржува мигрантите на својата територија во замена за финансирање од милијарда евра. Но турската страна повеќепати се жалеше дека Брисел тешко ги извршувал своите обврски од договорот, а неодамна Анкара објави дека ги засилила мерките за спречување на криумчарењето луѓе.