ФОТО| Грција од верниците бара на влегување во црква да покажат негативен тест на Covid-19

75

По големиот раст на бројот заразени со коронавирусот последните неколку седмици, грчките власти воведоа нови ограничувања коишто верниците ги обврзуваат да покажат негативни тестови на Covid-19 за да можат да присуствуваат на неделните литургии.

Според новите прописи воведени од 18-ти ноември, на невакцинираните лица им е забранет пристапот во затворени простории, што ги вклучува рестораните, кината, музеите и вежбалниците, дури и доколку се негативни на тестот за коронавирусот.

Кога станува збор за црквите, кои имаат силно влијание во животот на Грците, оваа недела беше првиот ден кога верниците мораа да покажат негативниот тест за да присуствуваат на неделната литургија.

„Оваа мерка е воведена за да се заштитиме и себеси и населението. Можеби на почетокот ќе биде малку тешко, но ќе бидеме упорни бидејќи сме должни да ги почитуваме сите мерки“, вели за Reuters отецот Кристос, свештеник од црквата „Свети Спиридон“ во Пиреа.

Некои верници велат дека на неделните литургии во последниот период доаѓаат помалку луѓе отколку вообичаено, имајќи предвид на тоа дека државата од невакцинираните бара самите да го платат тестирањето, што претставува значителен трошок за поголемите семејства.

Меѓутоа, од четирите цркви во коишто во неделате бил новинарот на Reuters, само пред една волонтер ги проверувал потврдите за негативен тест, и тоа кај верниците кои не се од таа парохија.

Во Грција во ноември е забележан голем раст на бројот на заразените со коронавирусот, а и дневниот број на сличаите на зараза достигна рекордни бројки. Од почетокот на епидемијата во земјата забележани се 920.683 заразени со коронавирусот и 17.861 смртни случаи од последиците на Covid-19.

„Не ми се допаѓа оваа замисла, но што да правиме? Се придржуваме на мерките, но црквата денеска е празна. За луѓето цената на тестирањата очигледно е превисока, бидејќи во некои случаи на литургиите присуствуваат цели семејства“, изјавила верничка која се претставила само со името Атина.

Хрисула Безентаку за Reuters рекла дека верува оти луѓето се плашат. „Луѓето не сакаат да направат ниту брзи тестови, ниту сакаат да се вакцинираат. Мислам дека сето тоа е психолошки“, додава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.