(ФОТО) Грд пиар и статитирање на младите за промоции на Заев

Отворањето на „Европска куќа“ во Струмица е уште едно успешно поглавје и попатна станица до вистинската цел – членството на Македонија во Европската унија.

„Овој нов и модерно организиран простор за младите од Струмица, ќе биде место за средби, дискусии, информирање и учење. Место за организирање настани, за гледање филмови, и за различни други културни забавни активности“, напиша премиерот Зоран Заев.

Тој напиша дека оваа „Европска куќа“ е ЕВРОПСКИ ДОМ за младите струмичани.

„Младите како вистински препознавачи на европските вредности го заслужуваат своето место во ЕВРОПСКОТО СЕМЕЈСТВО, заедно со сите свои врсници од земјава и со врсниците од Европа“, додава Заев.

Но доколку внимателно се погледнат фотографиите објавени на фејсбук профилите на Заев и ЕУ, ќе забележите една многу чудна ситуација.

Имено младите гледаат во празни папки со логото на ЕУ.