ФОТО: Груевски со семејството навиваше за Вардар

ФОТО: Ѓ. Личовски (Републиика)

Премиерот Никола Груевски заедно со своето семејство – сопругата Боркица и ќерките Анастасија и Софија вечерва ги бодрше ракометарите на Вардар на осминафиналниот меч од ЛШ. Семејството Груевски беше на трибините во салата „Борис Трајковски“ каде вардарци се соочија со тимот на Хамбург, меч кој заврши со нерешен резултат.

Покрај Груевски на трибините во спорската арена беа и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавањ, Сашо Мијалков, претседателот Ѓорге Иванов со синот, вицепремиерот Зоран Ставревски, министерката Гордана Јанкуловска,собранискиот спикер Трајко Вељановски, градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски…