9.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

(ФОТО) Хаос во Куманово по доцната објава за целосна забрана на движењето

Целосен хаос и бркотница во набавката по основните продукти вечерва се случува во Куманово, откако доцна попладнето без никава најава беше објавено дека во оваа општина во мерките за спрчување на ширењето на коронавирусот се воведува целосна 24-часовна забрана за движење на граѓаните во текот на претстојниот викенд.

Владата донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок (денес) до 05:00 часот во понеделник. Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот. Во градот веќе има забрана за меѓуградски и градски превоз, а движењето ќе биде дозволено само за земјоделски активности, односно само за работни потреби во околните села.

Но оваа владина рестриктивна мерка, барем досега не е соопштено во јавноста, за разлика од сличните воведени во светот, не предвидува можност за движење на граѓаните за снабдување со основни продукти, или во итни случаи за одење на лекар или во аптека, како и одење на работните места за лицата вработени во службите чиешто функционирање е неопходно.со

Бидејќи оваа вест Владата ја соопшти доцна попладнево, граѓаните на Куманово се во паника. Тие масовно излегоа низ улиците, во продавниците, за да си ги обезбедат потребните намирници за викендов. Пред продавниците чекаат во редици голем број на луѓе, а секако, така е поголема и опасноста за ширење на вирусот