6.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

(ФОТО) Хаос во Лондон, полицајци обиколиле болница по „безбедносна узбуна“

Добро вооружени полицајци ја обиколиле болницата Сент Томас во Лондон, откако добиле „безбедносна узбуна“.

Пациенти и вработени во болницата се евакуираат откако се слушнале пукотници. Очевидци на настанот велат дека никој не смее да влезе во болницата.

Вестминистерскиот мост и Ламберт Палас Роуд се затворени од полицијата пренесе ББЦ Радио Лондон Травел.

Очевидец на инцидентот изјавил: „Нешто се случува во болницата Сент Томас. Мојот партнер кој работи во близина е евакуиран. Никој не смее да влезе или излезе од Болницата“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.