ФОТО| Холандската полиција ги растера демонстрантите против „локдаунот“

Интервентната полиција опремена со пендреци и штитови растера во неделата неколку илјади граѓани кои се собраа во амстердам на протестот против епидемиолошките мерки и вакцинирањето против Covid-19.

Градоначалничката Фемке Халсема ѝ издаде наредба на полицијата да го расчисти од демонстрантите централниот амстердамски Плоштад на музеите, откако демонстрантите ја прекршиле забраната за јавни собири.

Демонстрантите, коишто според соопштението на полицијата главно не носеле маски и не оддржувале дистанца, ја игнорирале и забраната за одржување собири на централниот плоштад во Амстердам.

Холандија ненадејно воведе „затворање“ на 19-ти декември, кога владата ја донесе одлуката за забрана на работата на продавници, освен за неопходните продукти, рестораните, физерските салони, вежбалниците, музеите и другите јавни простори до 14-ти јануари.

Како и некои други земји во Европа, Холандија тоа го стори со цел да го спречи ширењето на омикрон варијантата на коронавирусот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.