ФОТО I Хрватските медиуми објавуваат за пресудата за убиството на Денис Тот

Медиумите во Хрватска на насловните страни ја објавуваат веста за пресудата за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот.

Судот ги прогласи сите тројца за виновни за „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Анџело Ѓоргиевски и Клементина Левковска се осудени на затворски казна од 18 години. Андреј Костовски е осуден на 16 години затворска казна.

-Момчињата и девојката добија 18 години затвор за убиството на хрватскиот ракометар во Скопје.

-Убијците на Тот добија високи затворски казни

-Пресуда во Скопје за смртта на хрватскиот ракометар: затворски казни од 18 и 16 години, се дел од насловите во хрватските медиуми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.